„Луфтханза“ може да остане без државната помош – акционер против влегување на државата во сопственоста на концернот

– На „Луфтханза“ и е потребно санирање и оздравување, но не со учество на државата, порача Тиле.

Голем акционер на германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ би можел да ја спречи помошта од државата, бидејќи се противи на „влес“ на државата во сопственичката структура на компанијата.

На една недела пред состанокот на акционерите на кој тема ќе биде спасувањето на компанијата, претприемачот од Минхен, Хајнц Херман Тиле ја доведе во прашање планираната помош од страна на државата во замена за дел од соствеништвото на компанијата.

Овој милијардер го зголемил својот удел во „Луфтханза“ на повеќе од 15 отсто. Кон крајот на март Тиле откупил удел од десет отсто и со тоа станал, неочекувано, голем акционер.

Во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ тој побарал повторно да се договара план за спасување на „Луфтханза“.

Управата на „Луфтханза“ претходно со недели преговараше со германската влада, по што на крај беше постигнат договор за „финансиска инјекција“ на државата во висина од девет милијарди евра, а за возврат државата да добие пакет акции од 20 проценти.

Тиле се противи на влез на државата во најголемата авиокомпанија во Европоа.

– На „Луфтханза“ и е потребно санирање и оздравување, но не со учество на државата, порача тој.

На вонредна средба на акционерите закажана за 25. јуни треба да се донесе ослука за потребата од зголемување на капиталот на компанијата, а со својот удел од 15 отсто Тиле би можел да спречи одлука. Тиле смета дека шефот на „Луфтханза“, Карстен Спор не преговарал доволно интензивно со државата.

– Јас мислам дека не се разгледани сите можности, додава тој.

Тиле не ја исклучува можноста за стечај на авиокомпанијата, додавајќи дека со тоа можеби би се покажале други можности, иако со тоа расте и ризикот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот