Лудогорец или Ференварош можни ривали на Шкендија и во плеј-офот на Лигата на Европа
После жрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите, фудбалскиот клуб Шкендија ги дозна и можните ривали во плеј-офот на Лигата на Европа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тетовските „црвено-црни“ ги добија истите можни ривали од плеј-офот за ЛШ, Лудогорец (Бугарија) или Ференцварош (Унгарија).
Доколку македонскиот првак биде елиминиран во третото квалификациско коло за ЛШ, меѓународниот настап сезонава ќе го продолжи во плеј-офот на ЛЕ каде за противник ќе го има поразениот од дуелите меѓу Лудогорец и Ференцварош.
Шкендија би била домаќин во првиот натпревар на 21 август во Скопје, а реваншот закажан за 28 август 2025 година во Бугарија или Унгарија.
Лига Европа, плеј-оф
Хамрун Спартанс/Макаби Тел Авив – Динамо Киев/Пафос
Шкендија/Карабах – Лудогорец/Ференцварош
Каират Алмати/Слован Братислава – Јанг Бојс
Малме/ФК Копенхаген – Сигма Оломуц
Панатинаикос/Шахтјор – Самсунспор
Абердин – ФЦСБ/Дрита
Лех Познањ/Црвена звезда – Генк
Фредерикстад/Митјиланд – РФС/КуПС Куопио
Линколн Ред Импс/Ноа – Клуж/Брага
Зрињски/Бреидаблик – Сервет/Утрехт
Хакен/Бран – АЕК Ларнака/Легија Варшава
Риека/Шелбурн – ПАОК/Волфсбергер


