Лудилото на „диктаторот“ Ердоган: Турските коментатори не смеат да го изговорат името на Кантер во пренос

epa08682913 Boston Celtics center Enes Kanter of Turkey reacts after being fouled by the Miami Heat during the first half of the NBA basketball Eastern Conference finals playoff game three between the Boston Celtics and the Miami Heat at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 19 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Турската телевизија „С Спортс“ ги поседува правата за емитување на натпреварите до НБА лигата, но за време на преносите од плеј-офот односно од финалето во Источната конференција помеѓу Мајами и Бостон, се однесуваат како еден кошаркар да не постои на теренот.

Имено, гледачите на С Спорт во ниту еден момент од коментаторите нема да го слушнат името на центарот на Бостон кој е турски кошаркар, Енес Кантер, а причината е добро позната.

Тажната приказна на Кантер: Поради Ердоган ниту еден турски кошаркар во НБА не сака да зборува со него

Имено, Енес Кантер е еден од најгласните противници на режимот на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган кого го нарекува диктатор и поради тоа тој и неговото семејство трпат сериозни последици.

Откако застана на страната на противникот на Ердоган, Фетулах Гулен, животот на Кантер и неговото семејство се претвори во ноќна мора. Неговиот пасош му е од одземен и тоа во Романија по што на интервенција на владата на САД успеа да избегне апсење.

Неодамна Кантер откри дека и индонезиската полиција се обидела да го уапси кога поминувал низ таа држава бидејќи Ердоган го бара Енес Кантер со потерница на Интерпол и е означен како еден од најголемите и најопасни противници на Турција.

Но, неговата среќа ја нема неговиот татко кој е уапсен од турската полиција и одредено време помина во затвор.

Поради тоа, турските коментатори се плашат да го изговорат неговото име бидејќи може да завршат како 172 нивни колеги-новинари кои се наоѓаат во турските затвори како политички затвореници бидејќи јавно го критикувале режимот на Ердоган.

Погледнете како коментаторите на С Спорт реагираат кога Кантер ќе постигне поени за Бостон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот