Тажната приказна на Кантер: Поради Ердоган ниту еден турски кошаркар во НБА не сака да зборува со него

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Турскиот кошаркар Енер Кантер кој настапува за Бостон селтикс е непожелна личност во неговата татковина.

Центарот на Бостон поради јавните критики кон претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и поради поддршката на Фетулах Ѓулен, е непожелна личност во татковината.

Турските власти веќе му го одзедоа пасошот на Кантер и распишаа меѓународна потерница поради критиките кон Ердоган. Поради тоа Кантер не смее да ги напушти САД, а сега открива дека останатите турски кошаркари кои играат во НБА лигата, не сакаат да зборуваат со него поради честото и гласното критикување на режимот на Ердоган.

Во НБА лигата настапуваат уште тројца турски кошаркари, Ерсан Илјасова, Чеди Осман и Фуркан Коркмаз, но тие секогаш ја вртат главата на страна кога ќе се сретнат со Кантер на натпреварите.

– Тоа што највеќе ме боли е однесувањето на турските кошаркари во НБА. Тука се Илјасова, Осман од Кливленд и Коркмаз од Филаделфија. Секогаш кога играме едни против други, тие не ми кажуваат ниту еден збор. Се обидував да зборувам со нив. Им велам: „како сте, што правите?“ но не добивам одговори. Можеби се исплашени од турската влада бидејќи доколку бидат приметени дека разговараат со мене, можеби ќе се најдат во проблеми. Се обидував да ја покријам устата со дресот и така да им се обратам за да не ме видат камерите, но тие и тогаш ја вртат главата – вели разочараниот Кантер во подкастот на Бил Симонс и потоа додава.

– Посебно Ерсан Илјасова. Игравме заедно во Оклахома, игравме заедно и за репрезентацијата. Чеди и Фуркам играа со мојот брат во репрезентацијата. Никој не сака да зборува со мене и тоа ме боли. Едноставно се исплашени. На крајот на краиштата сите тие ја претставуваат Турција. Кога играм против нив, јас се молам за нив. Навивам за мојот тим да победи, но и тие да одиграат добро. Ги почитувам и не ги обвинувам, разбирам поради што се исплашени. Кога че се заврши сево ова и ќе се промени режимот, сигурен сум дека и тие ќе го променат ставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот