Лучијано Спалети потпиша нов договор со Јувентус
Лучијано Спалети ќе продолжи да ја извршува својата улога како тренер на првиот тим на Јувентус, откако го продолжи договорот со италијанскиот фудбалски клуб до 30 јуни 2028 година.
Препорачано
– Воодушевени сме што го продолживме договорот на Лучијано за уште две сезони. Откако Лучијано се приклучи на нашето големо семејство на Јувентус, тој имаше непосредно и многу позитивно влијание врз нашите играчи, целиот клуб и целата заедница на „бјанконерите“. Неговиот амбициозен стил на игра ги одразува очекувањата на нашите навивачи и клубот, а неговите вредности го отелотворуваат нашиот идентитет – стои во дел од изјавата на Дамиен Комоли, извршен директор на Јувентус.
За разлика од 3.000.000 евра што ги добиваше досега, во иднина Спалети ќе инкасира цели 5.000.000 годишно со опција таа сума да се зголеми на 6.000.000, доколку тренерот од Тоскана ги активира сите бонуси.
Актуелниот договор на Спалети со Јувентус истекуваше на крајот од сезоната, што претходно создаде неизвесност околу неговата иднина во клубот од Торино. Сепак, се чини дека раководството на Јувентус одлучи дека континуитетот е клучен за иднината на тимот.
Иако Јувентус е во неизвесна битка за пласман во Лигата на шампионите, исходот од таа битка наводно нема да има одлучувачко влијание врз статусот на италијанскиот стручњак. Според истите извори, клубот го гледа како долгорочно решение, без оглед на резултатите на крајот од сезоната.
"We live for love" – Spalletti ✍️ 2028 pic.twitter.com/GBDYpngNpD
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) April 10, 2026


