ЛШ: Убедлив ПСВ Ајндховен, Црвена звезда ремизираше со Шериф

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Се одиграа уште пет натпревари од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, најубедлив беше составот на ПСВ Ајндховен пред своите верни навивачи.

Холандскиот клуб обезбеди висока предност пред реваншот на 10 август откако триумфираше со 3:0 против Митјиланд.

Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме, по еднаш данската мрежа ја тресеа Мадуеке во 19, Геце во 29 и Гакпо во 32 минута од средбата на „Филипс“ стадионот.

На мечот во Романија меѓу Клуж и Јанг Бојс немаше победник (1:1), додека Шахтјор Доњецк во Белгија славеше со 2:1 против Генк.

Иако домаќините водеа по првите 45 минути со голот на Онуачу, Украинците во вториот дел направија целосен пресврт преку Тете од пенал и Алан Патрик.

Олимпијакос на свој терен ремизираше со Лудогорец (1:1), бугарскиот претставник водеше со голот на Десподов во 50 минута од дуелот, а конечниот епилог го постави Камара во 86 минута.

Црвена звезда во Белград одигра нерешено 1:1 со Шериф Тираспол, Молдавците изненадија со погодок во 33 минута благодарене на Кастанеда, а непосредно пред паузата српскиот претставник израмни преку Диони.

Во 58 минута домаќините останаа со еден играч помалку на теренот поради двата жолти картони на Канга.

ВИДЕО: Монако чекор поблиску до плеј-офот во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот