ЛШ: Силекс во обид да го изненади големиот Карабах!

фото: facebook.com/FkSileksKratovo/

Денеска екипата на Силекс ќе го игра натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, од 18.00 часот во Баку (Азербејџан) ќе ги одмери силите против фаворитот Карабах.

Македонскиот претставник е свесен поради големото искуство и квалитет на противникот, но играчите на тренерот Горан Симов не доаѓаат со бело знаме и ќе се обидат со сето свое знаење на „Тофик Бахрамов“ Републиканскиот стадион да приредат изненадување.

Поради ситуацијата со Ковид-19 УЕФА одлучи да се игра само по еден натпревар (не според досегашниот принцип дома-гости). Непосредно пред летот за Баку кратовци ги има потребните тестови за коронавирус чии резултати се покажаа како негативни.

Карабах е силен со неколку репрезентативци. Дојдовме во Баку да го исполниме сонот, не размислуваме за пари. Пред извесно време размислувавме за опстанок, а еве сега играме во Лигата на шампионите. Конечниот резултат може да биде 0:0, 0:5, 0:7, нема разлика. Важно е да се доживее чувството на ова натпреварување – се зборовите на Симов во интервјуто за „Азериспорт“, а воедно истакна дека Шкендија од нашите екипи ова лето има најголеми шанси да ја помине првата европска пречка.

Покрај натпреварот Карабах-Силекс, во текот на денешниот ден од првото квалификациско коло на ЛШ ќе се сретнат уште: Легија (Полска)-Линфилд (Северна Ирска), Динамо Брест (Белорусија)-Астана (Казахстан), Селтик (Шкотска)-Рејкјавик (Исланд) и Црвена звезда (Србија)-Европа (Гибралтар).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот