ЛШ: Ристовска меѓу најефикасните, ЦСКА Москва брка негатива за Фајнал-фор!

фото: whccska.ru/Максим Серегин

Денеска се одигра првиот натпревар од четвртфиналето во женската Лига на шампионите, ЧСМ Букурешт на домашен терен ја совлада ЦСКА Москва со резултат 32:27 (20:12).

Во составот на руската екипа беше македонското десно репрезентативно крило Сара Ристовска која реализираше пет голови.

Истиот учинок го имаше и Дмитриева, а поефикасни од нив беше само Скоробогаченко со шест погодоци.

На спротивната страна за романскиот претставник по шест голови доминираа Неагу и Лазовиќ, а по пет имаа Цвијиќ и Дембеле.

Реванш мечот за пласман на Ф4 турнирот во ЛШ ќе се игра во Москва на 11 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот