ЛШ: ХЈК на Илиев го совлада Молде, Жалгирис во финишот избегна пораз против Галатасарај

фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите ремизираа екипите на Жалгирис и Галатасарај со резултат 2:2. Литванскиот Жалгирис беше тимот кој во првото квалификациско коло успеа да го елиминира македонскиот првак Струга Трим Лум.

На денешниот дуел немаше голови по првото полувреме, а изненадувачки водеше Жалгирис од 48 минута со погодокот на Ојевуси. За период од 180 секунди Турците успеаја да направат пресврт со головите на Бардакџи во 75 и Дервишоглу во 78 минута.

Во самиот финиш од средбата (90+2`) домаќините го избегнаа поразот благодарение на Казлаузкас.

Реваншот ќе се игра на 2 август во Истанбул, а победникот во третото квалификациско коло на ЛШ ќе се сретне со подобриот од двомечот Лудогорец (Бугарија) – Олимпија Љубљана (Словенија).

Финскиот ХЈК пред возвратната пресметка во Норвешка пред своите навивачи обезбеди минимална позитива по победата од 1:0 над Молде. Стрелец на голот беше Кескинен во 25 минута.

Македонскио репрезентативен голман Дејан Илиев за овој меч беше меѓу резервите на ХЈК. Реваншот помеѓу Молде и ХЈК ќе се игра на 2 август, а победникот во третото квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од пресметката Клаксвик (Фарски Острови) – Хакен (Шведска).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот