ЛШ, Андрија Николиќ: Еурофарм Пелистер е опасен тим, особено кога игра на домашен терен

фото: РК Еурофарм Пелистер

Иако Еурофарм Пелистер е последен во групата „А“ без освоен бод во ЕХФ ракометната Лига на шампионите, ППД Загреб очекува исклучително тешко гостување в четврток (18.45 часот) во 10 коло.

Во првиот меѓусебен дуел одигран на 19 октомври во Загреб, хрватскиот првак триумфираше со 27:18, иако на полувремето беше 10:10.

– Точно е, тие се последни на табелата и немаат освоено ниту еден бод, но тоа не го опишува нивниот квалитет на вистински начин. Еурофарм Пелистер е опасен тим, особено кога се игра дома. Никој не го доби тоа гостување лесно, секој натпревар е многу неизвесен. Така што, очекувам навистина тежок натпревар, како поради квалитетот на противникот, така и поради домашните навивачи, пред кои секогаш е тешко да се игра. Ќе се подготвиме максимално добро и веруваме во бодовите кои ни се многу важни бидејќи ни помагаат на можниот пат за пласман на понатаму – вели во соопштението тренерот на ППД Загреб, Андрија Николиќ.

Николиќ подетално го анализира следниот противник на ППД Загреб:

– Го сменија тренерот, но играта главно остана иста. Разликата е во играчот Кузмановски кој го доведоа и кој е многу важен во нивната игра, тој им дава ритам. Имаат добри голмани, многу добар пивот. Мораме да го прекинеме нивниот контранапад и се надевам дека ќе се прилагодиме на сите услови. Таму е бучно, но и студено. Ќе ни треба смиреност на тој меч, но веруваме во себе – додаде Николиќ.

По девет кола Кил е првопласиран со 13 бодови, пред Алборг и Киелце кои имаат по 12, по девет Колстад, ПСЖ и Пик Сегед, претпоследен е ППД Загреб со осум, а ниту еден на дното Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот