Лозано нов соиграч на Елмас во Наполи

Екипата на Наполи чиј член е и македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас, денеска доби нов соиграч во Ирвинг Лозано од ПСВ Ајндховен.
Според холандските медиуми, неколкунеделните преговори конечно вродиле со плод и челниците на Наполи успеаја да му ја исполнат желбата на тренерот Карло Анчелоти.

Според медиумите, ПСВ ќе заработи рекордни 42 милиони евра како обесштетување, а дел од сумата ќе му припадне и на мексиканскиот клуб Пачука. Се очекува веднаш откако ќе ги помине лекарските прегледи, Лозано да потпише петгодишен договор со Наполи.

Холандскиот тим експресно најде замена за Лозано во јапонскиот репрезентативец Рику Доан кој настапува за Гронинген.

Ирвинг Лозано ќе биде четвртото засилување за Наполи ова лето, пред него тимот од Неапол ги ангажира Костас Манолас од Рома, Џовани ди Лоренцо од Емполи и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот