Лоши вести за Лука Дончиќ и Далас: Го чека подолга пауза поради повреда
Во средата на НБА натпреварот меѓу Далас и Минесота, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ заработи непријатна повреда која ќе го оддалечи долго време надвор од терените.
Препорачано
Во вториот период Дончиќ доживеа истегнување на потколеницата и не се врати во игра, а неговите Маверикс претрпеа пораз, иако во последниот период успеаја да надополнат негатива од дури 26 поени, која Тимбервулфс ја имаа на крајот на третиот период.
Инсајдерот во НБА, Шамс Чаранија пренесува дека Дончиќ го истегнал мускулот на левата потколеница, а проценките се дека ќе отсуствува подолг период од терените. Словенецот во четврток ќе биде подложен на магнетна резонанца, по што ќе се знае степенот на повредата и должината на отсуството.
Дончиќ имаше просек од 28,8 поени, 8,5 скока и 8,1 асистенции на 21 натпревар во досегашниот тек од сезоната и го предводеше Далас до рекорд од 19-11.
Како што се наведува, сигурно е дека првата ѕвезда на Маверикс ќе ги пропушти клучните дуели во натпреварувачкиот дел од сезоната, што е огромна несреќа за клубот од Тексас.


