Лош старт во Торшавн: Македонија одигра само реми против Фарски Острови
Македонската фудбалска А репрезентација во својот прв натпревар од Ц сегментот во Лигата на нации на УЕФА ремизираше на гостувањето кај Фарски Острови со 1:1.
Препорачано
Иако избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаа фаворитската улога, но истата не ја оправдаа на теренот, иако повеќе ја имавме топката во своите нозе, на крајот само освоивме бод.
По првото полувреме водеа домаќините со голот на Давидсен од пенал во деветтата минута.
На стартот од вториот дел успеавме да израмниме преку Барди од пенал во 49 минута.
Viljormur Davidsen scores from the spot!
Faroe Islands 1-0 North Macedonia pic.twitter.com/EZCWuc659R
— Larex Sports (@SportsLare8852) September 7, 2024
Enis Bardhi equalizer! Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/sBjs1igYka
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Чурлинов можеше исто така да се запише во листата на стрелците, но не реализираше две убави шанси.
Од 18.00 часот ќе се игра вториот натпревар од групата 4 помеѓу репрезентациите на Ерменија и Летонија.
На 10 септември нашите најдобри фудбалери во Скопје ќе го одиграат и вториот меч во Лигата на нации против Ерменија.


