Лорис и Гризман го набркале Бензема од селекцијата на Франција?

Карим Бензема беше трагичарот на „кралевите“ против Осасуна/Мадрид, Шпанија/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Шпанскиот новинар Ромаин Молина, откри дека нетрпеливоста меѓу одредени играчи во француската репрезентација, е главната причина за тоа што Карим Бензема не настапи на Светското првенство Катар, на кое Франција беше поразена во финалето од Аргентина.

Бензема два дена пред стартот на СП објави дека е повреден и дека нема да игра на СП, но селекторот Дидие Дешан не повика замена за него и го остави списокот со 25 фудбалери, па многумина мислеа дека може да се врати, посебно пред полуфиналето и особено за финалето, зашто напаѓачот се рехабилитираше од повредата.

Но, Дешан не ни помисли на таква опција, а Бензема јасно стави до знаење дека нема намера да дојде до Доха, па се сплете приказна за нетрпеливоста која тлее уште од 2015 година со аферата со уценувањето на Метју Валбуена, поради која реаловецот беше отстранет, но се врати за Еуро 2020 после извонредните настапи. Сега наводно Дешан бил огорчен што Бензема не го споменал за успехот со освојувањето на „златната топка“, а напаѓачот бил лут што селекторот иронично „изразил жалење дека нема да смета на него“ уште на подготовките кога Бензема се жалел на повредата и било јасно дека нема да игра.

Но, Молина сега открива дека главни виновници за „случајот Бензема“ се два клучни играчи на „триколорите“ – голманот и капитен Уго Лорис и офанзивецот Ентоан Гризман. Овој двоец според информациите што ги има новинарот не можат да го смислат Бензема и биле стриктни за воопшто да не биде повикан, но Дешан не можел такво нешто да направи, ама затоа многу влијаеле кога Бензема се мачел со повредата за време на мини-подготовките.

За разлика од нив, Молина тврди дека најмногу за останување на Бензема бил Оливие Жиру, кој немал проблем да биде резерва, иако сега најмногу профитираше со стартно место по што стана најефикасен фудбалер во историјата на Франција.

Инаку за време на СП веќе имаше една бура во соблекувалната која се подели околу Бенжамин Павар, кој беше стартер на отворањето и потоа пречкртан и воопшто не заигра, а на негово место стандардно на десен бек играше Жил Кунде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот