Зоран Љутков / Фото -Слободен печат - Методи Здравев
Зоран Љутков / Фото -Слободен печат - Методи Здравев

Љутков повторно ги игнорира колективните договори и пресудите за зголемување на платите, реагира Синдикатот за култура

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) остро реагира на новото „упатство“ од Министерството за култура и туризам, обвинувајќи го министерот Зоран Љутков дека се обидува да ги заобиколи колективните договори и правосилните судски пресуди за зголемување на платите.

Според СКРМ, со документот што бил доставен до институциите за време на новогодишните и божиќните празници, Министерството повторно ја воведува формулата позната како „разлика меѓу август и септември 2023“, иако таа веќе била експлицитно поништена од судовите како спротивна на Општиот колективен договор.

Синдикатот истакнува дека „упатството“ нема јасни податоци за авторството и одобрувањето, ниту е разгледано од Комисијата за толкување на колективниот договор, што е предуслов за вакви интервенции. СКРМ најавува дека ќе ги искористи сите правни механизми за заштита на правата на вработените, вклучително и управни спорови и иницијативи за евентуална кривична одговорност.

Во октомври 2025 година, претставници на Синдикатот соопштија дека со добивањето на првата пресуда против надлежното министерство, се потврдува дека правата на културните работници биле прекршени со незаконските решенија за намалување на платите.

Културните работници во април 2025 година протестираа пред Министерството поради тоа што за Велигденските празници не ги добија своите плати, како и непочитување на колективните договори. На ова тогаш министерот Зоран Љутков одговори дека се доцни поради усогласување на платите, но платите потоа беа исплатени со намалување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот