Љупчо Палевски носел пиштол без дозвола, заедно со уште тројца барале злато кај Демир Капија

Фото: МИА

Бизнисменот Љупчо Палевски пред неколку дена бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија – Јаворица, објави „Вечер“, повикувајќи се на извори во МВР.

Според информациите, Палевски бил затекнат заедно со уште тројца други луѓе со кои барале злато, а кога дошла полицијата, се обидел да го фрли пиштолот, за кој имал дозвола само за поседување, но не и за носење.

„На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола“, официјално соопшти МВР во редовниот билтен пред неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот