Љубомир Младеновски по пауза од една година повторно е дел од репрезентацијата

фото: kfsm.mk

Важи за повратник во македонскиот сениорски национален тим. А се чини неговиот „камбек“ доаѓа во вистинско време, особено ако се знае дека стручниот тим има проблеми со недостиг на високи играчи, особено по отказот кој дојде од ко-капитенот Бојан Крстевски, кој ќе го „прескокне“ овој репрезентативен собир поврзан со настап на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин.

По пауза од цела една година, која ја предизвика една посериозна повреда на раката, Љубомир Младеновски е повторно дел од „црвено-жолтите“.

– Најпрво сакам да им се заблагодарам на луѓето од федерацијата, и на стручниот штаб кој ме повика на репрезентативен собир по пауза од една година условена поради тоа што имав тешка повреда на рачниот зглоб – рече Младеновски по првите одработени тренинзи.

Извесно е дека летово ќе имаме тешка задача. Да бидеме на едно од првите две места на турнирот во Талин во кој освен Македонија, и домаќинот Естонија, ќе учествуваат силните репрезентации на Чешка односно на Израел во рамките од олимписките претквалификации.

– Што се однесува до квалитетот на натпреварувањето, со самите имиња кои што се на турнирот и против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говори за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Да видиме прво во кој состав ќе отидеме таму. Во однос на она мое последно учество во националниот тим, евидентно е дека е доста променет. И дека со овој квалитет со кој располагаме мислам дека можеме рамноправно да се бориме, и да се надеваме дека би поминале во следната фаза – вели Младеновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот