Ливриниќ: Словенија е искусна, мотивирани да го оствариме мундијалскиот сон! – Слободен печат
РакометСпорт

Ливриниќ: Словенија е искусна, мотивирани да го оствариме мундијалскиот сон!

Најдобрите македонски ракометарки предводени од селекторот Симовски ги започнаа подготовките за мундијалскиот бараж против Словенија.

Во склоп на ЕХФ неделата веќе тренираат сениорките за првиот меч во Скопје, Симовски знае со кои имиња ќе се обиде по подолго време да го врати женскиот репрезентативен ракомет на големите натпреварувања.

Една од ракометарките која ги брани боите на најдобрата македонска женска ракометна репрезентација, Елена Ливриниќ го респектира противникот, но верува дека со мотив и желба може да се оствари целта, пласман на Светското првенство во Јапонија 2019.

Фото: РФМ

– Словенија беше една од посакуваните репрезентации која можеше да ни се падне за овие бараж натпревари. Не се селекција за потценување, со искуство, но прилично млада. Верувам дека со една добра организација, желба и мотив за пласман на Светското првенство ќе успеме да дојдеме до позитивен резултат и остварување на нашиот сон – ни изјави Ливриниќ.

Првата средба на 02 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот на 06 јуни ќе се одигра во Целје.

Потсетување, влезот за првиот меч во Скопје е слободен за сите кои сакаат да ја дадат поддршката од трибините на патот кон СП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close