Ливерпул веќе има листа на можни наследници на Мане

Садио Мане / фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Англискиот и европски вицешампион Ливерпул полека се подготвува за живот без Садио Мане, кој ја извести управата дека сака да ги оди, и веќе подготви листа на можни негови наследници.

Мане веќе ги договори личните услови со Баерн Минхен и се очекува германскиот тим во наредниот период да се договори и со Ливерпул за обесштетувањето кој парите би ги искористил за ангажирање на замена.
Најскапо засилување може да биде Џарод Боувен, фудбалерот на Вест Хем кој имаше одлична сезона. Прашање е дали Вест Хем ќе сака да го пушти Боувен бидејќи обезбеди пласман во европските купови.
На листата на желби се наоѓа и канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид од Лил. Тој пред две години се наоѓаше пред трансфер во Ливерпул, но менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп се одлучи наместо него, да го ангажира Диого Жота.

Како можно засилување се споменува и напаѓачот на Виљареал, Арно Данжума кој има искуство во Премиер лигата, тој две сезони настапуваше за Борнмут.

Можната замена за Мане може да дојде и од Баерн, односно двата клуба да направат замена, сенегалскиот репрезентативец би се преселил во Минхен, а во спротивен правец би заминал Серж Гнабри.

На листата се наоѓаат уште двајца фудбалери, Кристијан Пулишиќ кој летово се очекува да си замине од Челси, како и играчот на Рен, Мартин Рение. Рение во финишот од сезоната, на последните 10 натпрвеари во Лига 1 постигна седум гола и имаше три асистенции и е најзаслужен што Рен на крајот го освои четвртото место и обезбеди пласман во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот