Ливерпул си купи нов бек за 11 милиони евра

фото: твитер

Фудбалскиот клуб Ливерпул го официјализираше вечерва трансферот на грчкиот лев бек, Костас Цимикас.

24-годишниот фудбалер во редовите на шампионот на Англија дојде од Олимпијакос во трансфер вреден околу 11 милиони евра и потпиша повеќегодишен договор.

Цимикас беше алтернативно решение за Ливерпул, со оглед на тоа дека „црвените“ претходно ја следеа ситуацијата со Џамал Луис од Норич, но новиот англиски второлигаш не сакаше да го пушти својот млад бек за помалку од 20 милиони фунти.

Така, Јирген Клоп се одлучи за Цимикас, кој прифати епизодна улога во тимот, бидејќи Енди Робертсон е неприкосновен на таа позиција.

Цимикас одигра вкупно 46 натпревари за грчката екипа на Олимпијакос во минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот