Ливерпул подготви 100 милиони евра за Белингем

Џад Белингем со одличните игри го привлече вниманието на фудбалските гиганти/фото: EPA-EFE/LEON KUEGELER

Англискиот и европски вицешампион Ливерпул е подготвен да понуди 100 милиони евра на Борусија Дортмунд за трансферот на Џуд Белингем.

Според шпанските медиуми, Ливерпук веќе подготвил 100 милиони евра за Белинген и управата на „црвените“ се надева дека со оваа понуда ќе успее да го „победи“ Реал Мадрид кој исто така пројавува сериозен интерес за англискиот репрезентативец.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во Белингем ја гледа идеалната замена за Садио Мане кој летово замина во Баерн и успеа да ја убеди управата да тргне по потписот на англискиот репрезентативец.

Сериозен интерес за Белингем пројавува и европскиот шампион Реал Мадрид чиј тренер Карло Анчелоти во Англичанецот го гледа наследникот Лука Модриќ и Тони Крос.

Борусија Дортмунд пак се надева дека ќе успее да го задржи Белингем и за претстојната сезона која започнува утре и во која ќе се обде да ја прекине деветгодишната донинација на Баерн Минхен во Бундеслигата.

Борусија иако летово остана без Ерлинг Халанд кој потпиша за Манчестер сити, е активна на трансфер пазарот и ги купи Карим Адејеми, Нико Шлотербек, Салих Озчан и Себвастијан Алер кој ќе го пропушти стартот на сезоната, а како слободни играчи ги донесе и Никлас Зуле од Баерн, Нарсек Лотка од Херта и Александер Мејер.

„Милионерите“ го гледаат Белинген како еден од клучните фудбалери во претстојната сезона заедно со капитенот Марко Ројс и поради тоа сакаат да го задржат уште една сезона на „Сигнал Идуна Парк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот