Ливерпул „маршира“ кон титулата, Тотенхем пукна „петарда“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Се одиграа уште три натпревари од 16. коло во Премиер лигата, Ливерпул запиша уште еден триумф овојпат на гостувањето кај Борнмут со 0:3.

Стрелци на головите за „црвените“ беа Окслејд-Чемберлејн, Кеита и Салах за вкупно 15. победа сезонава и зацврстување на првото место со 46 бодови, 11 повеќе од Лестер на второто место кој својот меч ќе го има в недела на гости кај Астон Вила.

Во останатите две средби, Ватфорд без голови ремизираше со Кристал Палас, додека Тотенхем на Жозе Мурињо го декласираше Барнли.

Кејн двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Лукас, Сон Хјунг-Мин и Сисоко. Тотенхем со овие три бода е на петтото место со 23 бодови.

Последен пат Мурињо триумфираше со пет голови во јануари 2015. година со тогашниот клуб Челзи против Свонси (5:0).

Португалецот со Манчестер јунајтед никогаш не постигнал повеќе од четири голови во 93 лигашки мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот