Ливерпул ќе ја слави титулата на 15 илјади километри од дома!?

premierleague.com

Австралијците велат дека во изминатите 10 дена имаа само четири нови потврдени случаи на коронавирус.

Премиер лигата и натаму е во проблем кој не знае како да го реши поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Во прекин е сезоната и овие денови се води главното прашање, кога и дали ќе продолжи натпреварувачката 2019/2020..

Воедно каде и во какви услови би продолжила сезоната во најсилното англиско фудбалско првенство. Но, понуда која би можела на најбогатата фудбалска лига да ги олесни одговорите на овие прашања доаѓа од неочекувана адреса.

На Премиер лигата ѝ е понудена алтернатива за завршување на сезоната, така што преостанатите 92 дена би ги одиграле во Перт, Австралија.

Како што пренесува „Сан“, во Англија веќе разгледуваат дали да ја одиграат сезоната во Премиер лигата на неутрални терени каде играчите би се чувале во изолирани услови.

Англискиот агент Гери Вилијамс живее во Перт и контактираше со тамошните власти, но и Премиер лигата во намерата евентуално натпреварите се одиграат во крајниот западен дел на Австралија.

Имав разговори со клубовите од Премиер лигата и на нив им се допадна идејата. Зборував и со локалните власти кои беа полни со ентузијазам. Тука сите би биле безбедни, плажите се отворени, мерките се релаксирани и имавме само четири нови случаи на коронавирус во изминатите 10 дена – рече Вилијамс за „Сан“.

Планот би бил сите 20 премиерлигашки екипи отпатуваат за Перт и бидат сместени во хотели. Натпреварите би се играле пред празни трибини, додека мечевите во термини кои би им одговарале на гледачите во Англија, поради временската разлика.

Само уште малку му недостасува на Ливерпул да ја освои толку посакуваната титула, на девет кола до крајот на сезоната „црвените“ беа на врвот на табелата со 82 бодови, далеку пред второпласираниот Манчестер сити кој има меч помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот