Англиските клубови потврдија дека сакаат да ја завршат сезоната

фото: твитер

Сите чекори за продолжување на Премиер лигата ќе бидат добро разгледани, а ќе се следат и владините упатства.

На состанокот на премиерлигашките клубови се разговараше за можните чекори кон планирање на продолжување на сезоната 2019/20, кога ќе биде тоа безбедно и соодветно.

Повторно е потврдено дека најважно е да се запре пандемијата на коронавирус. Покрај тоа, приоритет на Премиер лигата е здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, менаџерите, клупскиот персонал, навивачите и пошироката заедница. Сите чекори за продолжување на натпреварувањето ќе бидат добро разгледани, а ќе се следат и владините упатства.

Лигата и клубовите однапред ги разгледуваат првите чекори, тренинзите се очекува први да се вратат со владини упатства, под стручни медицински совети и консултации со играчите и менаџерите. Лигата воедно го поздрави формирањето на владина медицинска работна група за враќање на елитниот спорт.

Разменети се само мислења за продолжување на сезоната, не е донесена никаква одлука, но уште еднаш клубовите ја потврдија својата посветеност да ја завршат сезоната 2019/20, пред празни трибини на неутрални стадиони во јуни, и така одржувајќи го интегритетот на натпреварувањето, а исто така ја поздравија владината поддршка.

Се најавува и дека следниот петок, на 7 мај, премиерлигашите ќе гласаат за продолжување на сезоната, „Проект рестарт“, што значи продолжување на натпреварувањето евентуално на 8 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот