Ливерпул и официјално со шампионската титула

фото: твитер

Последен пат клубот од „Енфилд“ се искачи на врвот во далечната сезона 1989/90, но откако натпреварувањето започна да се вика Премиер лига од 1992 година, три децении фановите на овој клуб чекаа повторно Редси да се закити со трофејот.

За такво нешто им беа потребни 31 натпревар сезонава, триумфираа на 28, двапати ремизираа, еднаш загубија од Ватфорд.

Еден од најзаслужните за успехот е напаѓачот Мохамед Салах со 17 голови и моментно втор стрелец на листата најдобри стрелци, два помалку зад Џејми Варди.

После убедливата победа над Кристал Палас, вечерва Манчестер сити немаше друга алтернатива освен да триумфира кај Челси, но не успеа.

Лондонските „сини“ на својот „Стемфорд бриџ“ не дозволија да бидат поразени и на крајот славеа со 2:1.

Пулишиќ истрча пола терен за водство на домаќините, а израмни Де Брујне со прекрасен слободен удар во 55 минута. Конечниот епилог го постави Вилијан во 78 минута од пенал за вкупно 16 победа сезонава за играчите на Лампард.

На седум кола до крајот на сезоната Ливерпул има недостижни 23 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот