Ливерпул го „врза“ одличниот бек до 2025 година, Арсенал го направи третиот најголем трансфер во клупската историја

Трент Александер-Арнолд, фудбалерот на Ливерпул/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Челниците на Ливерпул пред почетокот на новата сезона ги израдуваа навивачите со тоа што успеаја да се дооговорат со играчот кој потекнува од академијата на „црвените“, Трент Александер-Арнолд, за нов четиригодишен договор.

– Преубаво е чувството кога некој има доверба во вас. Клубот и сите во него имаат доверба во мене и тоа е неверојатно. Навистина сум среќен поради ситуацијата во која се наоѓам, го живеам својот сон. Да се биде опкружен од такви играчи и тренери и привилегија за мене – изјави Александер-Арнолд по потпишувањето на договорот.
Тој за првиот тим на Ливерпул дебитираше во 2016 година и досега има 179 настапи за „црвените“ со кои освои по една Лига на шампиони, Премиер лига, светско клупско првенство и европски Суперкуп.

Причини за задоволство имаат и навивачите на Арсенал бидејќи нов член на „топчиите“ е стоперот Бен Вајт од Брајтон. Арсенал за реализација на трансферот плати 60 милиони евра, што е трето најскапо засилување во историјата на клубот. Вајт потпиша петгодишен договор за неделна плата од 100.000 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот