фото: МИА

Литванија на своја територија почна да гради воена база за германски војници

Литванија почна да гради воена база што ќе може да прими до 4.000 германски војници кога ќе биде завршена до крајот на 2027 година . Тоа ќе биде прво постојано распоредување германски војници во странство по Втората светска војна.

Како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа по руската инвазија на Украина, Германија одлучи трајно да постави борбена бригада во Литванија, поодготвена за распоредување до 2027 година. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја спореди одлуката со испраќање на сојузничките сили во Западна Германија за време на Студената војна за одбрана на Западна Европа во случај на советски напад.

Во Литванија се очекува да бидат стационирани германски војници, од кои 80 отсто во новоизградената воена база во Руднинкаи, јави ДПА. Според Министерството за национална одбрана на Литванија, почетната фаза од изградбата ќе се фокусира на изградба на станбени и административни згради, како и магацини за воена опрема.

Договорот вреден 125 милиони евра е склучен со локална градежна компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот