twitter/uefachampionsleague

Листа на играчи кои би го замениле Суарез во Барса!

Луис Суарез започна да покажува слаби перформанси во дресот на Барселона која планира во иднина да се раздели со Уругваецот кој има договор со клубот до 30 јуни 2021 година. Според „Трансфермаркт“ моментно вреди 50 милиони евра.

Уругвајскиот напаѓач во период од четири години, особено во сезоната 2015/2016 беше во една фантастична голгетерска форма.

Но, сезонава се гледа пад во својата игра и неговите 32 години веќе не му дозволуваат да биде на потребното високо ниво и затоа на „Блауграна“ веќе размислуваат за негова идеална замена во блиска иднина секако кога ќе дојде време.

Барса значително го зајакна својот состав на неколку позиции во последните преодни рокови со засилувања како Гризман, Фирпо, де Јонг и Нето. Сега почнаа да ги свртуваат своите погледи кон централната напаѓачка улога, како што информира „Мундо Депортиво“.

Изворот вели дека француската ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе е главната цел. Барса се надева на намалување на неговата цена во 2021, во моментот кога ќе влезе во последната година од неговиот договор со „светците“, и секако доколку во меѓувреме не потпише нов договор.

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, исто така, се наоѓа на врвот на списокот, но проблем може да биде неговата плата во реализацијата на евентуалниот трансфер на англискиот репрезентативец. Уште двајца се разгледуваат како опции да го заменат Суарез во Барселона, тие се Маркус Решфорд од Манчестер Јунајтед и фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот