Линдзи Вон/EPA/Jean-Christophe Bott

Линдзи Вон во емотивно обраќање објасни како дошло до падот во Кортина

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон за првпат јавно се обрати по тешкиот пад што го доживеа на Зимските олимписки игри, порачувајќи дека и покрај сè нема за што да жали. Сепак, таа откри дека ја очекува сериозен медицински процес, вклучително и неколку операции.

Вон ја заврши трката во спуст во Кортина по само 13 секунди возење, но нагласи дека инцидентот нема никаква поврзаност со нејзината претходна повреда на коленото.

„Вчера мојот олимписки сон не заврши онака како што сонував дека ќе заврши. Тоа не беше крај како во приказна или бајка – тоа беше едноставно животот…“, напиша Вон во емотивното обраќање, детално објаснувајќи дека падот настанал откако со десната рака закачила една од вратите, што довело до губење на рамнотежата и до незгодата.

Таа потенцира дека предните вкрстени лигаменти и старите повреди немале никаква улога во падот, но откри дека се здобила со сложена скршеница која иако моментално е стабилна, ќе бара повеќе хируршки зафати за целосно заздравување.

И покрај болката и разочарувањето, Вон истакнува дека самото присуство на стартната линија било незаборавно искуство и победа само по себе, свесна дека алпското скијање отсекогаш носи висок ризик.

Во пораката, таа повлече паралела меѓу спортот и животот, нагласувајќи дека ризиците, падовите и неостварените соништа се дел од патот, но токму обидот му дава смисла на сè.

„Се обидов. Сонував. Скокнав“, напиша Вон, охрабрувајќи ги сите да имаат храброст да се осмелат и да си дадат шанса, бидејќи, како што вели, единствениот вистински неуспех е да не се обидеш.

Со оглед на тоа што Вон има 41 година и веќе еднаш стави крај на активната кариера, оваа повреда многу веројатно ќе значи и дефинитивно збогување со една од најголемите кариери во историјата на алпското скијање.

Иако падна, Линдзи Вон ќе добие дел од колачот од 100 милиони долари

ИОК: Линдзи Вон одлучи повредена да учествува на Зимските олимписки игри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот