Линдѕи Вон/Screenshot

Иако падна, Линдзи Вон ќе добие дел од колачот од 100 милиони долари

Американката треба да добие бонус од 200.000 долари, иако не забележа резултат. Но има и услов…

Ѕвездата на ски-тимот на САД, Линдзи Вон, наводно ќе добие убав финансиски бонус и покрај тоа што не ја заврши трката во спуст, односно доживеа тешка несреќа со која ги заврши нејзините Зимски олимписки игри.

Почнувајќи од ЗОИ Милано-Кортина 2026, американскиот финансиер Рос Стивенс ќе доделува по 200.000 долари на секој американски олимписки и параолимписки спортист, без оглед на нивниот резултат. Ќе се сметаат зимските и летните олимписки игри во иднина.

Наведено е дека половина од парите спортистите ќе ги добијат 20 години по нивното прво квалификувачко учество на олимписки игри или на 45-годишна возраст, зависно од тоа каков е случајот.

Останатите 100.000 долари ќе дојдат во форма на „гарантирана премија“ за семејствата на американските олимпијци, но откако тие ќе починат.

Се верува дека вкупната донација на Стивенс ќе биде 100 милиони долари, што е рекорден подарок за Олимпискиот и параолимписки комитет на САД.

За разлика од некои други држави, Владата на САД не троши ни еден долар за наградување на олимписките спортисти. Сите награди и премии за нив доаѓаат главно од спонзорства и(ли) од продажба на медиумски права.

Американски тренер ги откри првите детали за повредата на Вон, прогнозите не се оптимистични

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот