Линдзи Лохан по 12 години објави тизер за новата песна и порача: Се вратив! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

После силните скандали и последниот сингл кој го објави во 2008 година, таа се враќа на сцената.

По дванаесет години откако го објави последниот сингл, актерката пејачката и кралицата на скандалите Линдзи Лохан (33) со радост објави дека се враќа на сцената.

– Се вратив!, порача скандалозната Линдзи покрај тизерот кој го објави на социјалните мрежи.

Видеото започнува така што се отвара мрачна соба со неколку телевизори, на секој од нив е еден период од животот и кариерата на Линдзи, вклучувајќи и папараци и сцени од нејзиниот спот „Rumors“ и сето тоа додека оди музика во позадина.

View this post on Instagram

Im back! ?

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan) on

Фановите претпоставуваат дека наскоро ќе објави нова песна и не го кријат воодушевувањето поради нејзиното враќање на музичката сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот