Фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа напредуваше за 12 позиции на ВТА ранг-листата

На најновата ВТА ранг-листа објавена денеска, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има скок од 12 места и моментно е на 182. позиција со 387 поени.

Минатата недела Ѓорческа настапи на ИТФ В50 турнирот во Порто, Португалија, каде што стигна до полуфиналето, остварувајќи три победи.

По двата ИТФ турнири во Порто, нашата тенисерка својот следен настап треба да го има во Франција на ВТА тур.

На врвот останува Арина Сабаленка со 10,990 поени, Ига Швјонтек со 7,978, а третопласирана е Елена Рибакина со 7,523.

Редоследно од четвртото до осмото место се Аманда Анисимова, Коко Гоф, Џесика Пегула, Мира Андреева и Жасмин Паолини. На деветтата позиција се искачи Елина Свитолина, а на 10. место сега е Екатерина Александрова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот