Лига на нации: Прва победа на Хрватска над Франција
Во дуелот на финалистите од последното Светстко првество, славеше вицешампионот Хрватска. На стадионот „Франција“, Хрватска со 1:0 ги совлада „триколорите“ во рамки на натпреварот од 4 коло од групата 1 во Лигата на нации.
Препорачано
Единствениот гол беше дело на Лука Модриќ од пенал во петтата минута откако Конате во својот шеснаесетник го оттурна Будимир по што судијата Гринфилд по консултација со ВАР досуди на белата точка.
По примениот гол, Францзите тргнаа во офанзива, но одбраната на „коцкестите“ и голманот Ивица Ивушиќ беа на висина на задачата и на Хрватска и ја донесоа првата победа над „триколорите“ во десеттиот меѓусебен натпревар.
Во вториот натпревар, Данска со 2:0 ја совлада Австрија и тоа со головите на Винд и на Сков Олсен.
Данска е лидер во групата со девет бодови, Хрватска има седум, Австрија четири, а Франција е последна со два бода.
Во дивизијата Б, Исланд и Израел одиграа 2:2. Домаќините поведоа со голот на Торстеинсон во деветтата минута, но до крајот на првиот дел Израел дојде до израмнување и тоа со автоголот на Гретарсон.
Во вториот дел Исланд повторно поведе во 60 минута преку Хелгасон, а конечнот резултат го постави Перец седум минути подоцна.
Резултати:
Дивизија А
Данска – Австрија 2:0
Франција – Хрватска 0:1
Дивизија Б
Исланд – Израел 2:2
Дивизија Ц
Казахстан – Словачка 2:1
Азербејџан – Белорусија 2:0


