Лига на нации: Митровиќ ја реши Шведска, кикс на Шпанија во Сарагоса

Александар Митровиќ/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Селекцијата на Србија на крилјата на Александар Митровиќ кој постигна хет-трик ја декласира Шведска и се израмни со Норвешка на врвот на табелата во групата 4 во дивизијата Б во Лигата на нации.

Србија со убедливи 4:1 ја совлада Шведска, а напаѓачот на Фулам постигна три гола е и најзаслужен за пресвртот и победата на неговата репрезентација.

Иако уште од првата минута доминираа против Шведска на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, српските фудбалери не ги поремети водството на противникот во 15 минута кога погоди Виктор Клаесон.

Само три минути подоцна, Митровиќ со удар со глава го израмни резултатот, а пресвртот го донесе во судиското продолжение во првото полувреме кога на идентичен начин со глава го совлада Робин Олсен. На стартот од вториот дел, Митровиќ постигна уште еден гол, а убедливиот триумф го завери Саша Лукиќ.

Во групата 1 од дивизијата Б, Шкотска одговори на триумфот на Украинците, со победа над Република Ирска од 2:1 и се врати на врвот на табелата. Ирците поведоа со голот на Иган во 18 минута, но Шкотска направи пресврт во второто полувреме благодарение на головите на Кристи и на Хендри. Шкотска пред дуелот со Украина во последното коло е лидер на табелата со 12 бода.

Во дивизијаата А, Шпанија направи кикс кој може да ја остави без прво место и пласман на завршниот турнир. „Фуријата“ во Сарагоса загуби од Швајцарија со 1:2 и првото место на табелата и го препушти на Португалија која со 4:0 ја декласира Чешка.

Головите за Швајцарија ги постигнаа Мануел Аканџи и Брил Емболо, додека голот за Шпанија беше дело на Жорди Алба.

Португалците до убедливиот триумф ги предводеа двојниот стрелец Диого Далот и Бруно Ферднандеш и Диого Жота. Португалија со победата изби на првото место на табелата со 10 бода и ќе обезбеди пласман на завршниот турнир доколку во вторник не загуби од Шпанија во Брага.

Резултати:
Дивизија А

Група 2
Чешка – Португалија 0:4
Шпанија – Швајцарија 1:2

Дивизија Б
Група 1
Ерменија – Украина 0:5
Шкотска – Република Ирска 2:1

Група 2
Израел – Албанија 2:1

Група 4
Словенија – Норвешка 2:1
Србија – Шведска 4:1

Дивизија Ц
Група 2
Северна Ирска – Косово 2:1
Кипар – Грција 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот