Лига на нации: Македонија во Торшавн атакува на победа против Фарски Острови
Македонската фудбалска А репрезентација денеска од 15.00 часот ќе го игра првиот натпревар од Лигата на нации на УЕФА во Ц сегментот против Фарски Острови во Торшавн.
Препорачано
Нашата селекција ја има фаворитската улога, но истата треба да се оправда на теренот против аутсајдерот во Лигата на нации во групата 4 во која се и репрезентациите на Ерменија и Летонија.
Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата кажа дека неговите играчи треба да бидат на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот.
– Противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен – рече Милевски.
Македонија до сега еднаш се има сретнато против Фарски Острови, минатата година во пријателски натпревар славевме минимално со 1:0 во Скопје, а стрелец на единствениот гол беше членот на шпанската екипа Жирона, Бојан Миовски.
Потсетување дека за овие меча поради повреда Милевски не може да смета на Александар Трајковски и Милан Ристовски. Нашиот селектор се одлучи да го повика капитенот на младинската репрезентација, Марио Илиевски.
Лига на нации
Лига Ц, група 4
Прво коло, двојки
15.00 часот Фарски Острови – Македонија
18.00 часот Ерменија – Летонија


