Лига Европа: Металург со 11 ракометари ќе му се спротивстави на рускиот шампион!

Фото: rkmetalurg.mk

Денеска рано наутро, Металург отпатува за Русија, каде утре (18.00 часот) го очекува натпреварот од шестото коло на групната фаза на Лига Европа со рускиот шампион Чеховски Медведи.

Средбата ќе се одигра во Чехов, град оддалечен 75 км од Москва, во спортската арена „Олимпијски“.

Металург, по откриените неколку позитивни во клубот, на ова гостување отпатува со 11 ракометари, кои ќе се обидат да му се спротистават на рускиот шампион.

– Со утрешното гостување кај Чеховски медведи за нас почнува пеколниот февруари во кој за 18 дена ќе треба да одиграме шест меча во Лигата на Европа. За Москва одиме без притисок, ќе дадеме сѐ од себе да одиграме најдобро што можеме и да се претставиме во најдобро светло – вели капитенот и голман на Металург, Даниел Дупјачанец.

На овој меч судиска правда ќе делат Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ од Србија.

Да додадеме уште дека поради рестрикциите во Франција поради коронавирусот одложен е дуелот од седмото коло на Металург против Тулуз. Французите воведоа карантин за земјите кои се надвор од границите на Европската унија (ЕУ).

Лига Европа, сезона 2020/2021

Група „А“

Сабота, 6 февруари
18.00 часот Чеховски Медведи-Металург

Табела:

1.Висла Плоцк 8 бодови (од четири натпревари)
2.Адемар 7 (од пет натпревари)
3.Тулуз 4 (од шест натпревари)
4.Аон Фајверс 4 (од шест натпревари)
5.Чеховски Медведи 2 (од два натпревари)
6.Металург 1 (од три натпревари)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот