Лидс без Алиоски немоќен против Јунајтед (ВИДЕО)

twitter.com/ManUtd

Играчите на Оле Гунар Солскјер одиграа еден одличен меч, поведоа уште во седмата минута после една убав акција и асистенција на новото засилување Ван-Бисака, а стрелец беше Гринвуд.

Убав потег имаше во 27 минута, дело на Решфорд. Младиот напаѓач со еден прекрасен дриблинг го „скрши“ противникот, излезе сам пред голманот на Лидс и стрелаше за 2:0.

Со овој резултат се замина на пауза, во понатамошниот дел од средбата норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ целосно го промени тимот, а на спротивната страна Биелса не направи премногу замени.

На стартот од второто полувреме Јунајтед ја зголеми предност преку Филс Џонс, а конечниот епилог го постави Марсијал од белата точка во 69 минута.

Во составот на Лидс за овој пријателски натпревар не беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Во првиот тест летово Јунајтед со 2:0 славеше против Перт Глори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот