Лидија Вукичевиќ со скандалозна изјава за случајот Штајфелд-Лечиќ: Како мене никој не ме силуваше?

Instagram

Случајот со актерката Даниела Штајнфелд, која го обвини својот колега Бранислав Лечиќ за сексуално злоставување, ја разбранува Балканската јавност. А деновиве српската актерка Лидија Вукичевиќ даде крајно скандалозен коментар за целата ситуација.

Прва актерка од Балканот која проговори за злоставувањето: Потресната приказна на глумицата од „Ивкова слава“ (ВИДЕО)

Зборувајќи за случајот Штајнфелд-Лечиќ, Лидија со својот коментар застана во одбрана на својот колега Лечиќ.

Лечиќ е прекрасен колега, прекрасен човек и фантастичен актер. Го познавам со години, уште од факултет. Се дружевме тогаш, а тој веќе беше познат актер. За него имам само убави зборови. Што се однесува до актуелниот случај, дека Лечиќ ја силувал таа актерка, нема аплауз без две раце. Јас така гледам на тоа. И она што дополнително ме револтира е површноста на некои актери кои се залагаат за Даниела Штајнфелд“, рече Лидија Вукичевиќ.

ВИДЕО I Штајнфелд за „Инсајдер“: Ме силуваше, а четири дена потоа игравме во претстава. Посакав и да се самоубијам

Таа се осврна и на нејзините колеги од Драмскиот театар во Белград кои откако изби скандалот, одбија да глумат со Лешиќ во претстојните претстави, пренесува „Блиц“.

Тие судат пред судењето. Какви колеги се тие. Колку површни луѓе. Тие се занимаваат со работа која бара од нив да бидат значајни, а тие се површни, тие судат. Тие не им припаѓаат на луѓето, туку на ордата која каменува и анатемисува. Не разбирам. Длабоко сум разочарана од оние луѓе кои не сакаат да играат со Лека. Па, дозволете ми да ви кажам, ни јас немам никаква желба да играм со нив, кога знам за какви луѓе станува збор “, рече Вукичевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Лека не е манијак. Тој е згоден фраер, на кој тоа апсолутно не му е потребно. Се прашувам како мене никој не ме силуваше. Еве, јас сум на сцената веќе околу 30 години, не сум ниту грда, ниту ваква или онаква. Бев една од најпопуларните актерки во поранешна Југославија. Не велам дека не ми се наметнувале мажи на тој начин, но никој не ме силуваше, сите беа разумни и го разбраа одбивањето“, рече актерката.

„Њујорк Тајмс“ за тврдењето на Лечиќ дека вежбале дијалог со Даниела Штајнфелд на аудио-сниката: Тоа не е вистината!

Нејзината скандалозна изјава, за која многумина коментираа дека нема ни трошка емпатија и сочувство, и која е длабоко погрешна и опасна, предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот