Лидерите на Вреди бараат помош од пријател во Приштина
Мариела Трајковска
Пред
На средбата со косовскиот премиер Албин Курти било понудено Беким Сали од Алтернатива и Арбен Фетаи од фракцијата на Алијанса за Албанците да бидат потпретседатели на Вреди, а Ќоку генерален секретар.
Ќе успее ли косовскиот премиер Албин Курти повторно да одигра клучна улога при трансформацијата на коалицијата Вреди во партија, односно проектот на кој тој му кумуваше пред две години, со цел да не се распадне пред да почне со обединување во политички субјект.
Нема поместување на позициите на лидерите на Вреди и по средбата на Курти со Изет Меџити на Демократско движење и Билал Касами од Беса, кои цврсто стојат на понудата тие двајца да се копретседатели на идната партија Вреди, а политичките субјекти што ги предводат да добијат по 35 отсто учество во партиските органи. Со оваа позиција не се согласува остатокот од Вреди, Беким Сали од Алтернатива и Арбен Фетаи од фракцијата на Алијанса за Албанците.
Според информации на „Слободен печат“ од функционери на Вреди, понудата на Касами и на Меџити е „земи или остави“, што, пак, би резултирало или со трансформација на коалицијата во партија или секој сам да се натпреварува на следните парламентарни избори. Ако Вреди не стане партија, прогнозите се дека ќе туркаат како коалиција сè додека се во Влада.
Вреди Фото: Фејсбук
Годишнината од независноста на Косово, лидерите од Вреди ја искористија за средба со косовскиот премиер на која, според информациите, Меџити и Касами му го претставиле својот предлог за обединување. „Слободен печат“ веќе ја објави понудата на Меџити и на Касами – Вреди да има двајца претседатели и по 35 отсто во партиските тела, а преостанатите 30 отсто да ги поделат Алтернатива, Алијанса на Фетаи, Беким Ќоку од Самоопределување и движењето Арберија. На средбата со косовскиот премиер било понудено Сали и Фетаи да бидат потпретседатели на Вреди, а Ќоку генерален секретар.
Наспроти позицијата на Касами и на Меџити, Сали и Фетаи го туркаат концептот на ротирачко претседателствување со партијата Вреди, а да остане еднаква поделба на моќта како при формирањето на коалицијата, односно четирите партии да бидат застапени со по 25 отсто.
Фетаи во гостување на ТВ21 потврди дека дискусиите за обединување на Вреди во партија се интензивни и дека една од опциите што се разгледуваат е избор на ротирачки претседател. Според Фетаи, изработени се неколку документи што ги дефинираат принципите и патот кон обединување на Вреди.
– Може да биде претседател избран со ротација, ова е една од опциите што се дискутира – вели Фераи.
Тој смета дека Вреди како партија треба да функционира врз принципите на кои се формирала коалицијата – еднаквост на четирите субјекти, каде што секој има четвртина од застапеноста. На тој начин секој од субјектите има четвртина од застапеноста, формула што се смета за клуч за успех на парламентарните и на локалните избори. Консензусот и колегијалноста во донесувањето одлуки се споменуваат и како основни принципи.
– Основните принципи на Вреди беа договорени со договорот за основање на коалицијата пред парламентарните избори во 2024 година. Постојат неколку принципи, а првиот е еднаквоста на четирите субјекти. Како што знаете, уделот во рамките на Вреди е поделен на четири четвртини и ова, за мене, е основниот принцип. Ова е формулата за успех на Вреди и на парламентарните и на локалните избори, бидејќи четири субјекти беа обединети околу заедничка цел врз основа на принципите на еднаквост. Но, постојат и неколку други принципи, како што се консензуалноста и колегијалноста – вели Фетаи.
И поранешниот претседател на Алтернатива и актуелен претседател на Собранието Африм Гаши веќе изјави дека е за ротирачко претседателство и еднаква поделба на моќта. Тој отиде и чекор подалеку и рече дека ќе даде оставка на функцијата претседател на Собранието ако Алтернатива треба да биде коалициски партнер на партијата Вреди.
Што ќе предизвикаат несогласувања помеѓу Лимани и Касами?
Од друга страна, откако Касами ги распушти партиските тела на Беса и прв го презеде чекорот кон обединување на Вреди во партија, ескалираа несогласувањата помеѓу него и сопартиецот и министер за социјална политика Фатмир Лимани. Ова, пак, предизвика поделби во Беса, па проструија информации дека Лимани ќе се отцепи и ќе формира своја партија што, пак, би ја ослабела позицијата на Касами во разговорите за Вреди. Сепак, и покрај недоразбирањата во Беса, Лимани за „Слободен печат“ негира дека ќе формира партија.
– Не е точно дека ќе формирам партија. Точно е дека не бранам партиски интереси, без разлика на цената што треба да се плаќа. Секој чекор ќе се одвива во интерес на сите што ни веруваат дека се бориме за доброто на народот и на оваа земја – ни изјави Лимани.
Фатмир Лимани, министер за социјална политика / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески
Прашан дали ова значи дека останува во Беса и во Вреди, Лимани вели дека за тоа ќе одлучи по состаноците кои се во тек.
Наспроти Касами, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е задоволен од работата на Лимани како министер и дека тој е додадена вредност во Владата, откако се засилија информациите дека при претстојната реконструкција на Владата, Касами готви смена на Лимани. Премиерот тогаш го потсети Касами кој е мандатар и премиер и кој кажува како ќе изгледа владиниот кабинет. Премиерот смета дека трансформацијата на Вреди во партија е добредојдена на политичката сцена во Македонија, но и дека не е цивилизирано да се коментираат внатрешните случувања во Вреди.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …