„Слободен печат“ дознава: Партијата Вреди ќе има двајца претседатели – Касами и Меџити
Мариела Трајковска
Пред
Висок функционер од Вреди брифира дека Меџити и Касами веќе си подале рака за копретседателство, односно идната партија да има двајца претседатели и еднакво учество во партиските тела. Беса и Демократското движење во раководните структури и партиските органи на партијата Вреди ќе учествуваат со по 35 отсто, а 30 проценти учество ќе треба меѓу себе да поделат Алтернатива, фракцијата на АА, Ќоку од Самоопределување и Движењето Арберија.
Со распуштањето на Централното претседателство на Беса, синоќа официјално почна обединувањето на коалицијата Вреди во политичка партија, потврдија лидерите на Беса и на Демократско движење – Билал Касами и Изет Меџити.
Висок функционер од Вреди за „Слободен печат“ брифира дека Меџити и Касами веќе си подале рака за копретседателство, односно идната партија да има двајца претседатели и еднакво учество во партиските тела. Оваа понуда, Меџити и Касами ќе ја стават на маса пред лидерот на Алтернатива, Беким Сали, потоа фракцијата на Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Фетаи, пред независниот пратеник Беким Ќоку и претставникот на Движењето Арберија – Беким Фазлиу. Ако понудата биде одбиена, Сали, Фетаи, Ќоку и Фазлиу ќе може да продолжат заедно, но како коалициски партнери на партијата Вреди.
Очекувањата се дека новиот политички субјект Вреди ќе се официјализира веќе следниот месец, по празникот Рамазан.
Според функционерот што нè брифираше, Беса и Демократското движење во раководните структури и партиските органи на партијата Вреди ќе учествуваат со по 35 отсто, а 30 проценти учество ќе треба меѓу себе да поделат Алтернатива, фракцијата на АА, Ќоку од Самоопределување и Движењето Арберија. Процентната поделба од по 35 отсто за Касами и Меџити и 30 отсто за останатите ќе важи и при реконструкцијата на оваа Влада или евентуално учество на Вреди во некоја идна влада. Функционерот брифира и дека понудата е фер, бидејќи Беса и Демократско движење имаат најбројно членство, најразвиена партиска структура и дека се најзаслужни за победите на парламентарните и на локалните избори на коалицијата Вреди во борбата во албанскиот политички кампус.
Меџити го поддржа распуштањето на Собранието на Беса
Ова, меѓу редови, може да се исчита од изјавата на Касами, по состанокот на Централното собрание и одлуката за распуштање на партиското раководство на Беса.
– Другите партии, во најголем дел, не се структурирани, имајќи ја предвид оваа идеја за да ѝ дадат простор на Вреди. Знаеме дека Алијанса предводена од Фетаи нема консолидирани партиски тела, а тоа предизвикува тешкотии во овој процес. Демократското движење, како и други фактори, како што е претставникот на Самоопределување, Беким Ќоку, иако од самиот почеток ја имаа идејата за формирање заеднички политички субјект, сè уште се соочуваат со организациски предизвици – рече Касами.
Изет Меџити Фото: Принтскрин
Меџити го поддржа потегот на Касами, кој го оцени како чекор кон формирање на Вреди како партија и најави дека наскоро и другите партии, почнувајќи од неговата ДД, ќе ги распуштат партиските тела. Официјално, Меџити вели дека има повеќе модели како ќe се раководи со идната партија.
– За лидер не сме фокусирани моментно, ниту на персонални решенија, туку прво сакаме да изградиме платформа. Има креативни предлози – со ротација, копретседателство или модел со еден глас за секој независен член. Има конструктивни и креативни идеи и мислам дека ќе дојдеме до најдоброто решение. Со одлуката на Беса веќе е почнат процесот на обединување на Вреди во партија и во кус период ќе биде соопштено на јавноста – рече Меџити.
Касами не попушта за смена на Лимани
И Касами по состанокот на Централното собрание рече дека се разгледуваат неколку опции за раководење со партијата.
– Не би сакал да кажам да или не. Сигурно дека, доколку заеднички процениме, јас би требало да преземам некоја обврска, јас сум подготвен – рече Касами.
За несогласувањата во Беса помеѓу Касами и министерот за социјална политика и потпретседател на Беса, Фатмир Лимани, Меџити вели дека секој политички субјект во рамките на Вреди автономно одлучува, дека станува збор за внатрешно прашање на Беса и мисли дека во партијата има капацитет да го надминат и да го решат проблемот. Тој потврди дека при претсојната реконструкција ќе има смени на кадри од Вреди.
– Во однос на кадрите секој по својот учинок се анализира и нормално е при реконстрикција да има промени и да има подобрување во таа насока – рече Меџити.
Билал Касами Фото: Фејсбук Касами
По распуштањето на партиските тела на Беса, од партијата соопштија дека се отвора патот за структурирање на Вреди и дека одлуката е донесена врз основа на мораториумот за партиски активности од субјектите што го сочинуваат Вреди.
– Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на Вреди, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на Вреди и на сите Албанци. На состанокот на Собранието беше дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата. Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега – рече Касами и додаде дека ќе продолжи анализата на сработеното од функционерите и дека наодите ќе се одразат при реконструкција на Владата.
Со ова се потврдува дека Касами ќе бара Мицкоски да го разреши Лимани од министерската функција.
Лимани: Не треба да создаваме простор други структури да станат дел од Владата
Прашан за коментар на изјавата Мицкоски дека тој е носител на мандатот за составување Влада, Касами рече дека се свесни за тоа.
– Но сè додека е политичка Владата во која учествуваа Беса, како дел од Вреди, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна, како дел од идната влада – рече Касами.
Тој додаде дека има одлука да се оцени работата на сите функционери, вклучително и на Фатмир Лимани.
Фатмир Лимани Фото: Фејсбук Лимани
Лимани, пак, пред состанокот изјави:
– Работата која сум ја извршил за овие 16-17 месеци, вработувањата и ред други работи и проекти кои се направени во полза на народот и нашата држава, тоа ќе одлучува (н.з. дали ќе биде сменет) – истакна Лимани.
Тој рече дека е потребен разум и дејствија кои нема да создаваат простор за враќање назад.
– Не се осмелуваме да ја нарушиме структурата на Вреди, бидејќи тоа би значело враќање назад. Не треба да создаваме простор за други структури да станат дел од Владата – рече Лимани.
Лимани, исто така, испрати порака дека не треба да го гледаат него како поединец во овој процес, туку дека постои поголема политичка застапеност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Книгата „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова, која излезе во издание на „Или-Или“, е заснована на сеќавања на вистинити настани со кои авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Украина нападна магацини за нафта на југот на Русија, избувнаа големи пожари 2 …
Сите ние во некој момент сме заглавиле на социјалните мрежи со оние „pick a card“ видеа, прашувајќи се дали универзумот се обидува да ни испрати некој знак. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Украина нападна магацини за нафта на југот на Русија, избувнаа големи пожари 2 Шумските пожари во Шпанија уништија повеќе …