Лидерите на Г-7 велат дека ќе продолжат да и помагаат на Украина

Министрите за финансии на земјите од Г-7 денеска изјавија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета, јави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки.

Минатата недела, лидерите на Г7 изјавија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина со обезбедување оружје, обука и разузнавачки информации како дел од нејзината тековна контраофанзива против руските сили.

Г7, исто така, соопшти дека ќе продолжи да обезбедува финансиска помош за Украина за да и помогне да се справи со последиците од руската инвазија.

„Потврдивме дека поддршката за Украина е непоколеблива“, рече Сузуки по претседавањето со состанокот на форматот Г7 во индискиот град Гандинагар.

Покрај Јапонија, која годинава претседава со Г-7, асоцијацијата ги вклучува и Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот