Левица ќе поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Ристовска, најави Апасиев
Димитар Апасиев тврди дека Ристовска наводно дала неточни податоци во анкетниот лист за да ги прикрие фирмите поврзани со нејзините синови, оценувајќи дека станува збор за кривично дело според Кривичниот законик.
Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев најави на социјалните мрежи дека партијата ќе поднесе кривична пријава против поранешната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, која во петокот поднесе оставка.
Препорачано
Апасиев тврди дека Ристовска наводно „дала неточни податоци во анкетниот лист со цел да ги прикрие фирмите поврзани со нејзините синови“, оценувајќи дека станува збор за кривично дело според Кривичниот законик.
Според Апасиев, оставката на Ристовска е резултат на серијата објави на Левица за, како што ги нарекува, скандали поврзани со нејзиното работење, наведувајќи дека без тие објави таа и понатаму би останала на функцијата. Тој жали што, како што вели, не дошло до собраниска интерпелација, која била веќе подготвена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
6час
-
7час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


