Левица: АНБ ги остави вработените во МВР да работат без обновени безбедносни сертификати

АНБ - ФОТО/МИА

Агенцијата за национална безбедност, која беше опфатена со низа скандали на претходниот директор Виктор Димовски, неколку години наназад не ги извршува своите законски надлежности, реагира партијата Левица.

-Информациите кои пристигнаа до Левица се дека стотици вработени во Министерството за внатрешни работи чекаат по неколку години за обнова на безбедносен сертификат! Согласно Законот за АНБ, Агенцијата врши безбедносни проверки на лица заради утврдување на безбедносни пречки при издавање на безбедносен сертификат за користење на класифицирани информации. Оваа безбедносна проверка во Законот за класифицирани информации трае најдолго до 6 месеци. Безбедносниот сертификат е задолжителен за голем број на вработени кои работат секојдневно со класифицирани информации – вработени во МВР, но и во многу други институции и професии, реагира Левица.

Партијата смета дека со тоа што на овие лица во МВР не им се обновени безбедносните сертификати, тие располагаат и работат со класифицирани информации спротивно на закон.

-Истовремено, во судовите голем број судски предмети со години се закочени, заради тоа што судии чекаат со години да им биде продолжен истечениот безбедносен сертификат, токму поради непостапувањето на АНБ. За беззаконието кое владее во безбедносните служби, говори фактот што повеќе од 15 месеци АНБ нема назначено директор за внатрешна контрола. Дали и новопоставениот директор Зарко Милошевски ќе ја продолжи праксата на незаконско работење, со што директно се поткопува безбедноста на државата?, прашува оваа партија.

Исто така Левица јавно прашува зошто, освен за случајот со Онишченко, собраниската Комисија за надзор на АНБ ги затајува овие скандали, каде претседател е коалициониот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот