Сангрија со лубеница
Фото: Dmytro Sydor / Alamy / Alamy / Profimedia

Летно освежување: Рецепт за ледена сангрија со лубеница и шумско овошје

Лубеницата е едно од омилените летни овошја, во кое често бараме спас од неподносливите горештини. Кога е изладена е одлична и освежителна закуска, па затоа ни е прв избор за консумирање по напорниот работен ден, пишува „Пун куфер“.

Но, лубеницата можеме да ја консумираме и во разни освежителни пијалаци. Таа е одличен додадок на сангрија – традиционален шпански пијалок со вино и многу овошје.

За да ви биде сангријата уште поосвежителна, претходно замрзнете го овошјето. Освен вино, можете да додадете и текила или вотка, како и малку мед за поинтензивен вкус.

Фото: Dmytro Sydor / Alamy / Alamy / Profimedia

Состојки:

  • 750 мл розе
  • 250 гр замрзнато шумско овошје
  • 300 гр замрзната лубеница
  • 120 мл вотка или текила
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 3 големи лажици мед

Подготовка:

Замрзнатото овошје ставете го во блендер. Во овошјето додадете сок од лимон, мед и текила и убаво измешајте. На крајот, додадете го виното. Доколку е потребно, додадете повеќе мраз и измешајте. Декорирајте со шумски плодови.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот