Летно национално првенство: Младата пливачка Анастасовска стана петкратен државен првак на Македонија

Младата и талентирана пливачка Сара Анастасовска (12) од ПК „Нептун“ на Летното национално првенство во пливање кое се одржа на 5 и 6 јули на базенот „Бисер“ во Аеродром, се закити со пет златни медали со што стана петкратен државен првак на Македонија во категоријата помлади пионери.

Анастасовска освои златен медал во дисциплините 50, 100, 200 м градно, 100 м слободно и 200м мешано. Покрај овие, Анастасовска се закити и со два сребрени медали на 200м грбно и 400м слободно.

Анастасовска веќе 5 години активно се занимава со пливање и има учествувано на повеќе домашни и меѓународни натпревари во пливање на кои има освоено повеќе од сто медали.

Летното национално првенство во пливање во организација на Националната пливачка федерација се одржа на 4 и 5 јули на базенот „Бисер“ во Аеродром. На првенството учествуваа 14 клуба од Скопје, Битола, Куманово и Охрид со вкупно 290 пливачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот