Летни олимписки игри Париз 2024: Бесплатни билети за 222.000 гледачи на Отворањето

EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Гостите ќе мора да поминат низ процес на безбедносен преглед надгледуван од разузнавачките служби пред да можат да присуствуваат на настанот

Бесплатни покани за свеченото отворање на Олимписките игри во Париз во 2024 година ќе добијат 222.000 гледачи избрани од властите, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

На градовите и другите организациски тела ќе им бидат дадени по неколку покани за дистрибуција.

Гостите ќе мора да поминат низ процес на безбедносен преглед надгледуван од разузнавачките служби пред да можат да присуствуваат на настанот и да го огледаат отворањето што ќе се одвива на реката Сена.

Овие 222.000 места се надополнуваат на 104.000 гледачи кои плаќаат влезници и кои ќе ја следат церемонијата од долните редови на кејовите.

Ревидираниот вкупен број од 326.000 гледачи е речиси половина од 600.000 колку што беше проценето дека ќе присуствуваат на Отворањето во првичниот план.

Министерот рече дека го задржува правото, доколку е потребно, повторно да ја ревидира таа бројка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот