Лепосавиќ: Жителите се собираа, Хетеми преноќи во општинската зграда

Фото: Косовоонлајн

Голем број граѓани утринава се собраа пред зградата на општина Лепосавиќ, а во зградата ноќта ја помина новоизбраниот градоначалник на таа општина, Љуљзим Хетеми.
Според известувачот на Косово онлајн, војници на италијанскиот КФОР во голем број се стационирани на платото во центарот на градот, а зад нив се возилата на специјалните единици на косовската полиција.

Граѓаните се собрани пред нив и мирно протестираат, а се групирани и кај блиската црква Свети Васил Острошки, во центарот на Лепосавиќ и кај ОУ „Лепосавиќ“.

Претставниците на Србите утрово разговарале со претставниците на италијанскиот Кфор и ги повториле барањата да бидат ослободени од незаконски узурпираните работни простории, за да можат непречено да си ја вршат работата.

Училиштата и денеска се затворени, како и повеќето продавници, а во близина е паркирана и амбуланта. Луѓето се решени да истраат во своите намери и барања кои ги истакнаа вчера, а кои се уште не се исполнети.

Барањата се Хетеми да ја напушти општинската зграда, но и специјалната полиција да се повлече.

Главниот пат Лепосавиќ-Северна Митровица е прооден, а покрај патот се распоредени полициски патроли.

Административниот премин Јариње е отворен за сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот