Лепа Брена откри детали од бракот: Боба ме запроси мртов пијан

Фото: Инстаграм

Лепа Брена изјави дека на нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ му било потребно цело шише алкохол за да се осмели да ја запроси.

Имено, како што раскажа Брена некогаш најдобриот тенисер во Југославија имал голема трема кога требало да ја побара нејзината рака од нејзиниот татко.

Instagram

– Бобан сакаше да се венчаме. Имав само еден услов, да ме запроси според старите обичаи, но тој ниту тоа не го исполни, бидејќи имаше огромна трема. Се најдовме на музички фестивал во Германија. За да ја ублажи тремата, Бобан испи половина шише курвоазије, а со другата половина тргна да ме проси од татко ми. Претходно го подготвив татко ми малку да глуми воздржан и да се предомислува. Сепак, штом Бобан ме запроси, татко ми рече: „Деца, нека ви е со среќа“. Кога подоцна го прашав зошто не направи како што му реков, тој ми одговори: „Ќерко, толку многу ја одолговлекувате оваа врска, што си помислив дека никогаш нема да се омажиш“ – изјави Брена.

Фото: Инстаграм

Тогаш веќе била сигурна дека никогаш нема да се разведе од Бобо, што се оствари и тие сè уште се во брак.

– Семејството е свето за мене. Така е од првиот ден на бракот. Никогаш не би се развела, освен ако не се осигурам дека Боба не ме сака и не ме почитува, изјави фолк ѕвездата и додаде:

Instagram

– Тогаш започна втората приказна од мојот живот. Мојата кариера сè уште беше важна за мене, но оставив слободен простор за нас двајца. Двајцата сме силни личности, па прилагодувањето започна. Сфативме дека не можеме еден без друг. За жал, нашето прилагодување го следеа медиумите, бидејќи станува збор за две јавни личности. Тешко е да се сокријат некои работи од медиумите. Се обидовме да бидеме одговорни и да се сакаме. Тоа воопшто не беше лесно, заклучи Брена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот