Лекарски пар втор пат ја откажува венчавката: Прво ги спречи пожар, сега корона вирус

Сега датумот за венчавка е поместен за 25. септември.

Вереници од Австралија, по втор пат се приморани да го одложат своето венчавање откако претходно им изгорело местото каде требало да се одржи чинот, во шумските пожари што ја зафатија земјата, а сега повторно мора да ги одложат плановите за најсреќниот ден поради пандемијата од корона вирусот.

– Се помалку делува како шега. Не мачи и тоа што имаме многу пријатели кои се занимаваат со медицина, што значи дека половината од нив работат или се во карантин, изјавиле младенците.

Тие на Фејсбук споделија слика од денот кога требало да се одржи нивната венчавка.

Денес требаше да бидеме опкружени со нашите пријатели и најблиски, но наместо тоа, Грета и јас работиме и можеме само да поразговараме со нив преку телефон или интернет. Чуден е светот во кој живееме сега, пишува во Фејсбук статусот.

Сега датумот за венчавка е поместен за 25. септември и се надеваме дека повеќе нема да го поместуваме и нема да се случи ниту една природна катастрофа која би не попречила во намерата, велат младенците.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот