Лекари во Индонезија болни од Ковид и покрај вакцинацијата со Синовак

EPA-EFE
Медицински лица во Скопје / Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI

Повеќе од 350 лекари во Индонезија се заразија со Ковид-19 и покрај тоа што беа вакцинирани со кинеската вакцина Синовак, а дел од нив мораа да бидат и хоспитализирани. Најголемиот дел од заразените лекари биле асимптоматски и се во домашна изолација, но десетици завршиле во болница со висока температура и опадната сатурација. Во Индонезија во тек е нов бран на коронавирусот поттикнат од, досега, најопасната Делта варијанта, која пристигна и во Европа, објави Дојче веле.

Индонезиските лекари беа вакцинирани уште во јануари годинава како дел од приоритетната група. Речиси сите добија кинеска вакцина Синовак. Сега во земјата расте загриженоста за ефикасноста на оваа вакцина против вирусот. Иако во меѓувреме стапката на смртност меѓу медицинскиот кадар во земјата драматично опадна, експертите по јавно здравје се загрижени поради растот на хоспитализациите.

„Податоците покажуваат дека тие ја имаат Делта варијантата, и не е изненадување што бројот на заразени расте, затоа што мнозинството здравствени работници во Индонезија добија Синовак, а ние сѐ уште не знаеме колку е таа ефективна против новата варијанта“, вели Дики Будиман, епидемиолог од Универзитетот Грифит во Австралија. Министерството за здравство на Индонезија и Синовак досега не ги коментираа овие информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот